ЗРАТ Љубојно

ЗРАТ Љубојно е една од најактивните граѓански организации во Преспа. Нејзините членови припаѓаат на различни возрасни категории, што возможува соодветен трансфер на знаење и вештини од  повозрасните на помладите категории на членови. Разнородната професионална структура на поединците овозможува искористување на индивидуалните способности на секој член, а сето тоа во насока на успешно работење на организацијата.

Во текот на своето постоење ЗРАТ реализираше бројни и значајни активности и проекти во сферата на развој на алтернативниот туризам, вработувањето, граѓанскиот сектор и заштитата и промоцијата на традиционалното културно наследство.  На ваков начин успеа да се наметне како сериозна организација која со својата работа стана препознатлива не само во рамките на локалната заедница, во регион на Преспа, туку и пошироко.