Статут

Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник на РМ бр. 31 од 02.07.1998 година), Собранието на Здружението за развој на Алтернативен туризам -Љубојно одржано на 16.06.2004 година го усвои следниот

С Т А Т У Т

на Здружението на граѓани Љубојно

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Назив на здружението на граѓани кое се основа е: Здружение за развој на Алтернативен туризам Љубојно Во понатамошниот текст: Здружение

Член 2

Седиштето на Здружението е во с.Љубојно Република Македонија.

Здружението за развој на Алтернативен туризам-Љубојно се основа во с.Љубојно, а ќе дејствува на целата територија на Република Македонија и во меѓународни рамки.

Член 3

Здружението за развој на Алтернативен туризам-Љубојно - има своја денарска ж.сметка.

Член 4

Здружението е самостојно во организирањето и реализирањето на своите цели и идеи, во согласност со одредбите на Уставот на Република Македонија, Законот за здруженија на граѓани и фондации и останатите државни и меѓународни акти кои се однесуваат на формите и начините на организирање и работење на здруженија на граѓани од овој тип.

Член 5

Здружението на граѓани Љубојно е правно лице со свој печат и штембил.

Печатот има тркалезна форма со диаметар од 30 мм во кој е испишан текст: Здружение за равој на Алтернативен туризам Љубојно с.Љубојно, Ресен

Здружение за развој на Алтернативен туризам бр._____, _______год с.Љубојно, Ресен

Член 6

Работата на Здружението е јавна и транспарентна.

Јавноста и транспарентноста во работењето се реализира преку редовно известување на членовите на Здружението за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работата на органите и телата на Здружението за материјално - финансиското работење и друго. Информирањето на членовите и пошироката јавност за активностите на Здружението ќе се врши преку медиумите за масовна комуникација.

Член 7

Активностите на Здружението кои се предвидени во програмата за работа се и ќе бидат во согласност со Уставот и позитивните законски прописи на Република Македонија.

Цели и задачи на Здружението

Член 8

  • Развој на Алтернативниот туризам
  • Јакнење на капацитетот на руралните средини
  • Проекти од областа на социо-културниот развој ,
  • Промоција на културен туризам и културно наследство
  • Проучување на културното наслетсво и нивно промовирање во национални и меѓународни рамки
  • Промоција на традиционалната носија, обичаи, храна
  • Проекти со мултикултурна ориентација
  • Воспоставување на соработка со други НВО, приватниот сектор, локалната самоуправа и државните институции ;
  • Реализација на меѓународна соработка (особен акцент на пограничната соработка)
  • Реализација на проекти од областа на демократијата и заштитата на човековите права , со посебен акцент на правата на жените и децата
  • Организирање на симпозиуми, научни конференции, промоции, трибини, работилници, кампањи и други активности и манифестации
  • Проекти кои се однесуваат на младите и нивно пошироко вклучување во општествените текови, образование, култура, традиција и сл.;
 

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ и Престанок на Членството во Здружението

Член 9

Член може да биде секој кој доброволно ќе пристапи кон Здружението, ќе ги прифати одредбите на овој Статут и ќе се залага за успешна реализација на мисијата на Здружението.

Исто така под член ќе се подразбира секој оној кој ќе ја има платено чланарината за тековната година.

Зачленувањето се врши со пополнување/потпишување на пристапница, и со издавање на членска картичка.

Здружението за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

Член 10

Со потпишувањето на пристапницата, членот се здобива со статус придружен член. Други категории на членување во Здружението се пасивен, активен и почесен член. Критериумите за категоризација на членството се утврдуваат со посебен правилник.

Член 11

Членови на Здружението можат да бидат сите граѓани на РМ и пошироко, без дискриминација во поглед на пол, возраст, партиска припадност, конфесија или по било кој друг основ. Исклучок се лицата кои се осудувани за кривични дела во согласност со законите на Република Македонија и меѓународните закони и конвенции. Членството не може да се ограничува по ниеден основ, освен во посебни случаи предвидени во член 16, став 1 од овој Статут.

Член 12

Членовите на Здружението се должни:
  • да се придржуваат до одредбите на Статутот;
  • да придонесуваат за реализација на мисијата на здружението -Љубојно
  • да се придржуваат кон принципите на почитување на човековите права, јакнење на меѓусебната доверба и разбирање;
  • да ги почитуваат етичките и моралните норми ;
  • сите активности кои ги преземаат да бидат во согласност со позитивните законски прописи на Република Македонија, како и меѓународните закони и конвенции.
Најстрого се забранува било каква злоупотреба на членството во Здружението за целите на било која друга организација во која се членува (политички партии, НВО, меѓународни владини и невладини организации и сл.), за што секој член на Здружението сноси целосна одговорност. Во случај на непридржување кон став 2 од овој член, следува исклучување од членството во Здружението без право на жалба.

Член 13

Членувањето во Здружението престанува: по сопствено барање на членот доставено до Претседателот на здружението во писмена форма; со исклучување - поради непридржување кон одредбите на Статутот. Одлука за исклучувањето донесува Претседателството на Здружението со мнозинство гласови (50% плус еден глас) на членовите на Претседателството. Исклучениот член има право на жалба до Собранието на Здружението чија одлука е конечна, а се донесува на принцип на мнозинство гласови (50% + еден глас) од членовите на Собранието кои се присутни на дадениот состанок. Исклучок од ова се случаите наведени во член 14, став 2 од Статутот. До донесувањето на крајната одлука на Собранието во врска со исклучувањето, статусот член на Здружението се става во мирување.

Член 14

Лицето на кое еднаш му престанало членството , не може повторно да се зачлени во Здружението. При исклучување или престанок на членството , членската картичка задолжително се враќа во Здружението.

Начини на ДЕЈСТВУВАЊЕ И ОРГАНИ НА Здружението

Член 15

Здружението ќе дејствува преку реализација на проекти и активности кои се во согласност со целите и задачите предвидени со Статутот.

Член 16

Органи на Здружението се:
  • Собрание;
  • Управен одбор;
  • Надзорна комисија.

СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 17

Собранието на Здружението е највисок орган на одлучување.

Член 18

Собранието го сочинуваат сите членови на Здружението, право на глас имаат сите членови.

Член 19

Собранието работи на седници кои се свикуваат по потреба, а најмалку еднаш годишно. Собранието може да заседава доколку на седницата присуствуваат мнозинство (50% плус еден член) од вкупниот број членови .

Член 20

Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието . Седница на Собранието се свикува и по предлог на Претседателството на Здружението или на една петтина од вкупниот број активни членови на Здружението. Доколку Претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Претседателството или иницијаторите. Седница на Собранието за работата на Претседателството може да се свика и по предлог на Надзорната комисија. Начинот на свикување и работа на на седниците на Собранието се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 21

Собранието одлучува со просто мнозинство гласови (50% плус еден глас) од членовите на Собранието кои се присутни на дадената седница. Гласањето се врши јавно, освен ако Собранието не одлучи поинаку.

Член 22

Собранието на Здружението:
  • донесува Статут на Здружението и решава за негови измени и дополнувања;
  • донесува Годишна програма за работа и истата ја менува и дополнува;
  • донесува акти за организација на работата на Здружението;
  • донесува одлука за висина на годишна чланарина;
  • од својот состав избира и разрешува членови на Претседателството;
  • од својот состав избира и разрешува членови на Надзорната комисија;
  • го разгледува и усвојува извештајот за работата на Претседателството помеѓу две Собранија;
  • го усвојува финансискиот план за наредната година и завршната сметка за претходната година;
  • донесува конечна одлука за исклучување на член од Здружението;
  • одлучува за здружување или разделување со друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
  • расправа и донесува одлука за престанок со работа на Здружението;
  • расправа и донесува одлуки по сите прашања што се од значење за активностите на Здружението;
  • врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и позитивните законски прописи .

УПРАВЕН ОДБОР

Член 23

Управниот Одбор е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права и обврски за работењето и развојот на Здружението согласно со Статутот. Управниот Одборза својата работа одговора пред Собранието. Одлуките на Управниот Одбор се донесуваат со просто мнозинство гласови.

Член 24

Управниот Одбор е составено од 7 члена: Претседател, потпретседател и секретар благајник и членови на здружението.

Мандатот на членовите на Управниот Одбор трае 2 години со можност за неограничен број повторни избори.

Претседателот на Управниот Одбор истовремено е и Претседател на Собранието, и го застапува и претставува Здружението пред трети лица.

Член 25

Управниот Одбор на Здружението:
  • ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението како и одлуките на Собранието;
  • донесува и реализира годишна програма за работа на почетокот на секоја календарска година;
  • подготвува годишен финансиски извештај на Здружението;
  • подготвува извештај за реализирани активности и проекти на Здружението на крајот на секоја календарска година;
  • предлага измени и дополнувања на Статутот;
  • донесува правилници,
  • свикува седници на Собранието и подготвува материјали;
  • донесува одлуки за формирање на постојани или привремени комисии и ја насочува нивната работа;
  • донесува одлуки за признанија и награди;
  • управува и одговара за управувањето со имотот на Здружението;
  • донесува одлуки по приговори и жалби ;
  • врши и други работи утврдени со Статутот.

Член 26

Управниот Одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седници на Управниот Одбор свикува Претседателот, а во негово отсуство потпретседателот.

Предлог за свикување на Управниот Одбор може да поднесат една третина од членовите на Собранието , како и Надзорната комисија.

Со седницата претседава претседателот, а во негово отсуство потпретседателот или член кој ќе го одбере Управниот Одбор , доколку претседателот не назначил заменик.

Начинот на свикување на седниците и други прашања од работењето на Претседателството се уредуваат со Деловник за работа.

НАДЗОРНА КОМИСИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 27

Надзорната комисија е надзорен орган на Здружението составен од 3 (три) члена.

Мандатот на членовите на надзорната комисија изнесува 1 година со право на неограничен број на повторни избори.

Член 28

Надзорната комисија на Здружението:
  • врши надзор над извршувањето на статутарните и програмските задачи на Здружението;
  • врши надзор над извршувањето на одлуките на Собранието и Претседателството на Здружението;
  • врши надзор над финансиското работење на Здружението;
  • своите наоди и одлуки ги доставува до Собранието и Претседателството.
  • донесува одлука за категоризација на членството на Здружението.

Начини на финансирање на Здружението

Член 29

Здружението ќе се финансира преку:
  • донации;
  • спонзорства;
  • доброволни прилози;
  • подароци;
  • членарина
  • приходи од активности на членови на здружението
  • и други извори на финансирање.

Член 30

За остварување на своите цели и задачи Здружението може да основа трговски друштва.

Добивката остварена од работата на друштвата, по подмирувањето на сите, даноци, придонеси, плати и останати трошоци, Здружението ги употребува единствено за остварување на статутарните цели.

Член 30

Користењето и располагањето со средствата на Здружението се врши на начин утврден со овој Статут и позитивните законски прописи.

Член 31

За користењето и располагањето со средствата одлучуваат Органите на Здружението, согласно надлежностите утврдени со овој Статут. Истите се должни да преземаат мерки за економично и наменско користење на средствата, во согласност со позитивните законски прописи.

Член 32

Здружението донесува годишен финансиски извештај за приходите и расходите во претходната година. Финансискиот извештај ги содржи приходите наведени во член 31 , како и расходите за реализација на активностите на здружението.

ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 33

Здружението ќе престане да постои доколку:
  • бројот на членовите се намали под пет;
  • Уставниот суд на Република Македонија донесе Одлука дека Програмата и Статутот на Здружението не се во согласност со Уставот на Република Македонија;
  • По писмен пат, од страна на Управниот Одбор , се утврди дека Здружението престанува да постои;
  • во други случаи определени со закон.

Член 34

Во случај на престанок на работа на Здружението, Претседателот е должен во рок од 15 дена да го извести надлежниот орган за бришењето на Здружението од регистарот на здруженијата на граѓани.

Во случај од став 1, имотот и средствата на Здружението кои би останале по намирувањето на законските обврски преминуваат во сопственост на Месниот одбор с.Љубојно

Преодни и завршни одредби

Член 35

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието, а помеѓу две собранија Надзорната комисија на Здружението.

Член 36

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.

Член 37

Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување. Каде с.Љубојно ПРЕТСЕДАТЕЛ 16.06.2004 год. __________________________