ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНА ХРАНА

  • Преспанскиот јаболкобер e една од најзначајните културни манифестации во Преспа, организирана од страна на Општина Ресен. Помеѓу останатите организации, ЗРАТ Љубојно е една од организациите кои редовно се вклучуваат во реализацијата на овој настан. Богатството на вкусови на бројните производи подготвени на традицонален начин претставуваат вистинско уживање за сите оние кои ги пробале.
  • Во рамките на промоција на проектот „Вкусот на Македонија“ - Скопје, а во соработка со „Групата за развој на подсекторот јаболко“, беа подготвени и презентирани најразлични производи подготвени од јаболко. Прекрасниот вкус и декорација на секој производ го привлекоа вниманието на мноштвото посетители кои не ги штедеа комлиментите.
  • Во последните 10-15 години ЗРАТ Љубојно, значајно придонесе кон оганизацијата на годишните „Илинденски иселенички средби“ во Љубојно, збогатувајќи го настанот со презентација на традиционалната локална кујна.
  • По повод прославата на 60год. од отворањето на првото училиште на македонски јазик, „Димитар Влахов“во с. Љубојно, беше организиран пригоден коктел од страна на членовите на ЗРАТ Љубојно.