МИСИЈА

ЗРАТ Љубојно поттикнува промени во насока на развојот на алтернативните форми на туризам при што особен акцент става на заштитата и промоцијата на традиционалното културно наследство, иницира вклученост на граѓанското општество во општествените текови и превзема активности за зајакнување на социо-економски развој на заедниците со цел да се  обезбедат одржливи, економски развиени и пријатни заедници за локалното население и посетителите.