Кој сме ние

ЗРАТ-Љубојно е здружение на граѓани кој ја обединува работата на своите членови (давателите на услуги во делот на алтернативниот туризам) и има за цел да ги заштитува економските, социјалните и културните интереси, да ги едуцира , работи во подобрување на условите за кокурентно пазарно опстојување.

 Основачко собрание мај 2004год.

Препознавајќи ја потребата од организирано делување за исполнување на заедничките интереси, но пред сé, во насока на превземање конкретни организирани активности за развој на алтернативниот туризам беа превземени конкретни чекори за основање на првата граѓанска организација во с. Љубојно .  На основачкото собрание учествуваа преку триесетина лица, припадници на локалната заедница.

Регистрирано 01.07.2004год

На 01.07.2004 год. и официјално беше означен почетокот и работата на граѓанската организација именувана како „Здружение за развој на алтернативниот туризам – Љубојно“ од с. Љубојно. На овој начин беа веќе јасно одредени целите и насоките на делување на организацијата и нејзините членови.

Кои сме ние:

ЗРАТ Љубојно е една од најактивните граѓански организации во Преспа. Нејзините членови припаѓаат на различни возрасни категории, што возможува соодветен трансфер на знаење и вештини од  повозрасните на помладите категории на членови. Разнородната професионална структура на поединците овозможува искористување на индивидуалните способности на секој член, а сето тоа во насока на успешно работење на организацијата.

Во текот на своето постоење ЗРАТ реализираше бројни и значајни активности и проекти во сферата на развој на алтернативниот туризам и граѓанскиот сектор.  На ваков начин успеа да се наметне како сериозна организација која со својата работа стана препознатлива не само во рамките на локалната заедница, туку и пошироко во регион на Преспа.