Жените во мрежа за иновативност и претприемништво

LOGO Име на проектот: Жените во мрежа за иновативност и претприемништво Акроним: WIN WIN Финасиран: ЕУ Програма: ИНТЕРЕГ ИПА прекугранична програма „Грција - Македонија 2007 – 2013“ Приоритетна оска: 1. Унапредување на економскиот развој во прекуграничниот регион Мерка: 1.1 Економски развој Период на имплементација: 2012-2013 Цели на проектот:
  • Мапирање на состојбата на жените во прекуграничниот регион и подигање на свеста за проблемите и пречките, со кои тие се соочуваат во нивниот секојдневен живот. Да се истражат факторите кои ги ограничуваат жените за да ги стекнат и надградат своите претприемачки вештини.
  • Да се согледаат бизнис можностите на регионот и да се стекнат со јасна слика за локалните производи, обичаи и традиција кои жените би можеле да ги користат за развој на бизнис.
  • Да се промовира женското вработување и претприемништво на локално/ регионално ниво преку детектирање на сите проблеми и предизвици и во општествената средина и во центрите на донесување на одлуките.
  • Да се создаде поддржувачка средина и да се промовира и поддржи вработувањето и претприемништвото помеѓу жените преку вклучување на релевантните институции, тренинзи, советувања, менторства како и развој на соодветни структури за понатамошен развој и вмрежување.
  • Да се промовира женското претприемништво и да се зголемат можностите за вработување преку креирање на мали бизниси и кооперативи;
  • Да се создаде Женски ресусрсен центар во регионот со креирање и развој на шест мали мобилни единици кои ќе бидат во функција и од интерес на жените претприемачи;
  • Да обезбедат интегрирани и комплементарни услуги кои ќе им помогнат на жените да ги развијата своите вештини
  • Да го помогнат започнувањето на мали бизниси и иницијативи на жените, како и развојот на постоечките бизниси и задруги;
  • Да го подобрат социо-економскиот статус на жените во полето на интервенција преку промовирање на најдобри практики и вмрежување.
Партнери:
  • ЕРГАНИ - Центар за поддршка на вработувањето и претприемништвото кај жените – Солун, Р. Грција
  • Општина Ресен, Р. Македонија
  • Регион на западна Македонија, Р. Грција
  • Здружение на уметници ракотворци –ЗУР „Македонски ракотворби“ – Битола, Р. Македонија
  • Здружение за развој на алтернативен туризам – Љубојно, с. Љубојно, Р. Македонија