Етнолошко- антрополошки истражувања во контекст на Првата светска војна, во битолско долж кота 1050

novproekt Име на проектот: Етнолошко- антрополошки истражувања во контекст на Првата светска војна, во битолско долж кота 1050 Донатор: АЛДА (Association of the Local Democracy Agencies (ALDA) Програма: Децентрализирана соработка Нормандија / Македонија 2016 година Период на имплементација: Октомври 2016 – март 2017 Цели на проектот: Проектот допринесува кон стекнување на нови сознанија поврзани со Првата светска војна и нејзиниот одраз врз различни апсекти на општествено - социјалното живеење на локалното население во најкритичните и најзасегнати населени места долж фронтовската линија во битолско, позната како Кота 1050. Активности:
  • Студиска посета во Франција („Меморијалниот центар за историја и мир“ – Каен; „Меморијалот на цивилите во воено време“ - Фалес; „Воениот музеј“ – Париз; “BDIC” – Париз).
  • Теренски истражувања во регионот кој е од интерес на ова истражување;
  • Кабинетски истражувања кои вклучуваат истражување на постоечките етнолошко – антрополошки материјали во соодветните архиви во Македонија;
  • Подготовка на студија во која ќе бидат сублимирани сите материјали од теренските и кабинетските истражувањата и кои ќе понудат насоки за идни предлог активности во контекст на Првата светска војна.